Љубов во срцето мое

 

  Срце празно, без љубов, тоа е како риба без вода, како птица без крилја. Секое срце е богато со чувства, со тага, со надеж и со многу други нешта меѓу кои е и најважното – љубовта. Така е и со моето срце. За мене, љубов е нешто неописливо, нешто најубаво што можеш да го доживееш во целиот живот, нешто што произлегува од срцето. Секој милозвучен збор, секој нежен поглед, секој треперлив глас, секоја незаборавна прегратка се знаци на вистинска љубов. Кога те гледам тебе, тоа е најубавиот и најпрекрасен миг, разни мисли ми се вртат во главата, а срцето, тој шуплив орган но сепак полн со со љубов, забрзано чука и трепери. Трепери и чека да го слушне зборот „те сакам“ или чека да собере сила за да го изговори. Ах љубов – ме прави среќна, ме прави ведра, ми дозволува да уживам во животот. Јас живеам за љубов, се будам наутро со помислата дека некој ме сака и дека јас го сакам, учам бидејќи знам дека ќе го острарам она што го сакам. Спијам за да ги сонувам работите кои ме прават среќна. Сето ова го знае моето срце. Како ли може да собере се, а толку е мало? Како ли тоа ја чувствува љубовта ? 

   Не секогаш љубовта ме прави среќна, понекогаш таа боли како некоја рана. Ми го скршува срцето на две половини, насмевката исчезнува од лицето кое некогаш блескаше од радост. Ведрината исчезнува како што исчезнуваат капките дожд кога ќе паднат на земјата. Ех таа љубов, каква тага нанесува во срцето за која лек е само времето!

    Љубовта ј искажувам преку насмевка, постојат толку многу неразбирливи јазици, но насмевката секој ја разбира. Љубовта ја искажувам преку збор, преку поглед, преку прегратка...

    За љубов се живее и се труди, за љубов би направила се, сите невозможни работи би ги направила реални, би отишла и на другиот крај на светот, на друга планета ако е потребно, бидејќи за она што го сакам би направила се за да го освојам.

                                                                       

                                                                       Софија Христова VIIIª